Во последните три натпревари во шпанската Ла Лига, Барелона не успеа да победи.
По лошата серија, двете големи ѕвезди, наводно, се скарале на Камп Ноу. Според странските медиуми, Лионел Меси и Жерар Пике се расправале.
Пике го критикуваше Аргентинецот, да не се појавува пред медиумите, кога не му оди на клубот и со новинари да зборува само кога е во Аргентина, додека Меси одговори дека неговиот тим добива многу голови а одбраната ја посочи како главен виновник за слабите резултати.
Сега колку има вистина во тоа, тешко е да се каже, но барем тоа што сега најмалце му треба на Каталонците е нетрпеливост во соблекувалната.
Каталонците денес гостуваат кај Тотенхем кој е ослабен и ќе бараат прекин на лошата серија на резултати, но и покрај сите овие слаби натпревари се уште е на прво место во Ла Лига.