Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос изјави дека има и други проблеми далеку поголеми од гледањето фудбал, бидејќи тој и неговите соиграчи се ставени во карантин поради пандемијата на коронавирус.
Фудбалерите на Реал Мадрид се секој во своите домови во моментот, како мерка на претпазливост затоа што голем број на кошаркарскиот тим на Реал Мадрид се заразени со „Ковид-19“.
Двете екипи имаат исти простории за вежбање во шпанската престолнина, вклучувајќи ја и кафетеријата и обијектите за терапија, што значи дека играчите на Зинедин Зидан можеби биле заразени.
Тренинг центарот на клубот беше затворен по објавувањето и Ла Лига ги прекина натпреварите тогаш, наведувајќи го карантинот на Реал Мадрид како една од главните причини.
Говорејќи на Интернет за германското ТВ-шоу „Late Night Berlin“, Крос ја објасни сегашната состојба на соиграчите.
„Вистински ѕвезди во карантин, секогаш звучи лошо, но ние сме дома“, рече 30-годишниот.
„Сè е добро. Тие само нè испратија дома затоа што беше позитивен случај на коронавирус кај нашите кошаркари, со кои понекогаш многу тесно соработуваме“, додаде Крос.
„Јас и моето семејство сме добри. Немаме никакви симптоми. Со три деца дома никогаш не се досадувате. Никој не знае кога ќе се врати фудбалот. Но, да бидам искрен, фудбалот сега е во втор план“, рече тој.
„Главната работа сега е да го победиме овој противник и да се вратиме во нормала. Има многу повеќе проблеми отколку повторно да гледате фудбал“, заврши тој.