Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос денеска изјави дека кариерата ќе ја заврши во тој клуб, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.
„Она што отсекогаш сум го велел не се смени – дека нема да одам никаде, дека нема да менувам клуб. Ќе останам овде, тука ќе ја завршам кариерата. Само не знам кога ќе се случи тоа“, рече Крос. на прес-конференција во Мадрид.
Крос има договор со Реал до 30 јуни 2023 година. Тој во јули минатата година се повлече од германската репрезентација.
„Смирен сум. Ќе размислувам за тоа следната година или за време на претстојната пауза поради Светското првенство. Ќе размислам што може да се случи и полека ќе почнам да донесувам одлука“, рече Крос. „Смешно е, многу луѓе мислат дека знаат што ќе се случи, додека јас не знам што мислам. Но, јас и клубот сме многу мирни, секогаш разговараме. Јас сум тука речиси осум и пол години и нашиот однос нема да се промени сега. Ќе бидеме тивки за да разговараме за тоа во јануари или февруари, можеби дури и во март “, додаде 32-годишниот германски фудбалер. Во среда од 18:45 часот Реал на домашен терен го игра против Селтик, натпреварот од последното шесто коло во Лигата на шампионите.