ФУДБАЛ

Крос по оваа сезона оди кај омилениот тренер?

„Тој беше клучот за германскиот фудбал, а особено за мене. На сите им ги отвори очите кога е во прашање контролата на натпреварот. Сакав да играм кај него таа година“, изјави еднаш Тони Крос за Пеп Гвардиола.

Дали е време тие повторно да се сретнат?

Договорот на Крос истекува на крајот од оваа сезона, а веќе се шпекулира за неговиот следен клуб, а според информациите кои ги има „Мундо депортиво“ тој трансфер навистина би можел да се случи.

Крос има 33 години, досега има над 400 настапи за Реал Мадрид, има четири европски шампионски титули, како и три шампионски титули на Шпанија.

Инаку, овој фудбалер кон крајот на јуни потпиша нов договор со Реал на дополнителна година, а имајќи предвид дека младите се наметнуваат во мадридскиот клуб, се чини јасно дека Крос наскоро би можел да го загуби местото.