ФУДБАЛ

Крос: Реал продолжува да пишува историја

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос изјави за „Марка“ дека во тимот продолжуваат да се борат за победа во сите натпреварувања.

Дваесет и осум годишниот Германец додаде дека светското клупско првенство исто така има важност.

– Светското клубско првенство за нас е важно, како и Лигата на Шампионите. Двата турнири не мотивираат подеднакво. Сакаме да го победиме Ал Аин во финалето. Реал сака да продолжи да пишува историја – тоа е нашата цел, изјави Крос.

Реал се пласираше во финалето на Светското клупско првенство и во сабота ќе игра за титулата против Ал Аин (ОАЕ).