ФУДБАЛ

Крос за судијата: Господ гледа се, веројатно затоа се повреди!

Фото: ESP: Real Madrid v Sevilla FC. La Liga EA Sports, date 26 Toni Kroos of Real Madrid during the La Liga match between Real Madrid and Sevilla FC played at Santiago Bernabeu Stadium on February 25 2024 in Madrid, Spain. kpng Copyright: xCesarxCebollax/xPRESSINPHOTOx PS_240225_016

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос го прокоментира својот испад на последниот натпревар меѓу неговиот клуб и Севиља во шпанската Примера. Германецот беше санкциониран за прекршок за кој тврдеше дека не го направил. Целата ситуација се одвиваше пред судијата Дијаз де Мер Ескудеро, што го налути Крос, кој бурно протестираше.

Интересно е што со жолт картон е казнет и тренерот Карло Анчелоти поради протест против судијата, што е крајно невообичаено за него.

Некаде прочитав дека ако Крос и Анчелоти добија жолти картони поради протестирање, нешто не е во ред“, изјави германскиот ас во подкастот „Ајнфах мал Лупин“, во кој учествуваа тој и неговиот брат Феликс.

„Јас не сум човек кој се занимава со судиите во текот на играта. Никогаш не го правам тоа, но овојпат ми беше премногу“, додаде германскиот репрезентативец обвинувајќи го Ескудеро за лошо судење.

Интересното беше што во вториот дел главниот судија заработи повреда и беше заменет со четвртиот.

„Господ гледа сè и веројатно затоа судијата почувствува повреда на мускулот“, продолжи Крос. „Во првото полувреме тој навистина се збрка. Имавме неколку прилики, но за сите даваше фаули во ситуации кои беа на работ на фаули. Дури и кога немаше фаул, тој ја растураше играта. Ме налути тоа што во мојата ситуација досуди фаул, иако бев на метар од играчот на Севиља. Луда работа! После тоа беше заменет со четвртиот судија и беше многу подобар од него“.

Реал победи по луциден потег и одличниот удар на „резервата“ Лука Модриќ во 81. минута.