Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини не само што не му се лути на уругвајскиот напаѓач Луис Суарез што крвнички го касна за време на мечот од СП во 2014-та, туку му се восхитува.
Тоа го објави дефанзивецот на Јувентус во неговата автобиографија која неодамна ја објави.
-Сето тоа е дел од фудбалот, не би го нарекол неговиот потег нелегитимен. За да го елиминирате ривалот, не само што морате да бидете подобри, туку и попаметни, напишал Кјелини во книгата „Јас, Џорџо“.