ФУДБАЛ

Кулибали повикува расистите засекогаш да исчезнат од стадионите

Калиду Кулибали и уште двајца играчи на Наполи, Осимен и Ангуиса, станаа жртви на расистички навреди по вчерашниот натпревар против Фиорентина.

Кулибали неодамна реагираше преку социјалните мрежи и има порака до властите и телата во Италијанската фудбалска федерација.

„Мајмун ме викаа. Овие момци немаат никаква врска со спортот. Мора да се идентификуваат и да се држат подалеку од стадионите, засекогаш“, вели тој.