ФУДБАЛ

Култниот „Енфилд роуд“ во досега невидено издание (ВИДЕО)

Ливерпул се враќа на „Енфилд роуд“ по паузата од неколку месеци. Црвените ќе бидат домаќини на Кристал Палас.

Атмосферата на култниот стадион ќе биде сосема поинаква од вообичаеното. Натпреварот ќе се одигра без публика, па сигурно ќе биде невообичаен за Јирген Клоп и неговите играчи.

Сепак, навивачите на Ливерпул се уверија дека нивното омилено место вечерва изгледа необично и во невидено издание.

Имено, на трибините веќе се поставени знамиња и транспаренти со ознаки на „црвените“ за да го направат „Енфилд роуд“ да изгледа поубаво пред камерите.

https://twitter.com/AnfieldWatch/status/1275529277941964807