ФУДБАЛ

Куман дозна фантастичн вести два дена пред пресметката со ПСЖ

Фудбалерите на Барселона во вторник го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на свој терен против ПСЖ.

Каталонскиот клуб е расположен за натпреварот против ПСЖ и сигурно е дека не чека многу возбудлив дуел помеѓу овие клубови.

Роналд Куман во последно време имаше многу проблеми со повредени играчи, особено на дефанзивната линија.

Сепак, пред натпреварот против ПСЖ, Куман не можеше да добие подобри вести. Имено, по неколку месеци поминати, со првиот тим тренираше и Жерард Пике, кој очигледно ќе биде во конкуренција на овој натпревар.

Покрај Пике, без проблем тренираше и Роналд Араухо, кој исто така се опорави од повредата и ова е фантастична вест за Блауграна бидејќи Пике и Араухо се првиот избор на стоперските позиции.