Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман ја исчисти соблекувалната.
Големите sвезди кои беа незаменлив член на тимот на „Камп Ноу“ во последните години го напуштија клубот, па жители на каталонскиот град повеќе не се Луис Суарез, Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Нелсон Семедо.
Суарез е последниот во редот што си замина. Тој денес и официјално ќе се збогува со клубот и ќе си замине, а токму Куман беше тој што постојано вршеше притисок врз Уругваецот да биде продаден.
Куман не го видел во неговите планови. Иако во еден момент го смени мислењето и најави дека Луис ќе биде дел од тимот, „Мундо Депортиво“ тврди дека холандскиот стручњак направил се за да го избрка и на крајот тоа му успеа.
Тој успеа да го натера да замине, а пред тоа го стори истото со Ракитиќ, Видал и Семедо. Единствениот кој преживеал досега е Самуел Умитити, но судејќи според признанијата на поранешните фудбалери, кои ги водеше Куман, Французинот нема да игра премногу напорно.