Тренерот на Барселона, Роналд Куман, вчера на прес-конференција најави заминување на еден од играчите.
Карлос Алена доби дозвола од клубот и тој може без пречки да преговара со други тимови.
“Алена има дозвола од клубот да бара нов тим. Кога сè ќе заврши, ќе можам да дадам мислење, но има играчи кои можат да одлучат дали ќе останат или не. Тој одлучи да побара да замине”, изјави Куман.
Освен Алена, трансферот го побара и младиот играч за врска Рики Пуиг, кој неодамна се поврза со Милан, но сè уште нема официјални информации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
Куман исто така истакна дека има список на играчи на кои повеќе не смета и список на играчи кои би сакал да ги има во тимот, па до крајот на месецот дефинитивно ќе има промена на „Камп Ноу“.