Барселона синоќа со голема мака го победи Леванет. Беше 1:0, а голот на одлуката го постигна Лионел Меси.
Ел Паис ги донесе деталите за напнатиот разговор помеѓу Роналдо Куман и талентираниот Рики Пуиг пред тој натпревар.
„Ти си крт“, наводно му се развикал Куман на Пуиг, обвинувајќи го за истекување информации од соблекувалната.
Талентираниот фудбалер, наводно, пред натпреварите ги откривал составите на Барселона пред медиумите. Некои играчи на Барселона го дочекаа со ентузијазам, додека некои не ги сакаа обвинувањата на Куман.
Инаку, 21-годишниот Пуиг го следеше целиот натпревар против Леванте од клупата за резерви. Оваа сезона има вкупно четири настапи.
Тој исто така имаше несогласувања со Ернесто Валверде во минатото кој не го сметаше за доволно квалитетен, додека Кике Сетиен му даде неколку минути.