Тренерот на Барселона, Роналд Куман, направи вистински расчистување во соблекувалната на Барселона.
Веднаш по пристигнувањето, Холанѓанецот прецрта многу големи имиња, вклучувајќи ги Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кои на крајот го напуштија клубот.
Куман го отпиша, меѓу другите, францускиот дефанзивец Самуел Умтити. Тој сака да се ослободи од него до почетокот на сезоната и се чини дека ќе успее во тоа.
Умтити доби понуда од Лион. Неговиот поранешен клуб сака да го ангажира на позајмица и Барселона е подготвена да го пушти.
Преговорите веќе започнаа и нема да биде изненадување ако Умтити на крајот заврши во Лион.