ФУДБАЛ

Куман му рече на судијата: Имаш добри пријатели во Италија

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го најде виновникот за поразот од Јувентус (0:3) кај германскиот судија Тобијас Штилер.

Германецот досуди два пенали за Старата дама, а Куман му дофрлуваше во текот на играта.

„Имате добри пријатели во Италија.“

И по натпреварот холандскиот стручњак ги коментираше пеналите.

„Ако Јувентус го добиеше тој прв пенал, тој мораше да го изведе по ситуацијата со Меси“, алудирајќи на дуелот на Вестон Мекени со Аргентинецот во казнениот простор.

Со поразот од Јувентус, Барселона го загуби првото место во групата и една од првопласираните екипи од другите групи ги чека во нокаут фазата.