Во пресрет на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Роналд Комеан изјави дека во моментов ниту еден тим не е подобар од Барселона.
Барселона влегува во мечот со францускиот шампион по високата победа над Алавес и Куман верува дека неговите играчи можат да го нокаутираат ПСЖ.
„Во моментов не гледам други екипи во подобра форма од Барселона“, рече Куман и додаде:
“Имаме добар тим. Тимот игра добро и на високо ниво. Тие се подготвени и физички. Имаме фантастични играчи што значи дека можеме да победиме секого и тоа сакаме да го покажеме играјќи против најдобрите во светот”.
Серхи Роберто, Роналд Араухо, Ансу Фати и Филип Кутињо утре нема да играат за Барселона, но охрабрувачка вест е можното враќање на Жерард Пике.
Каталонците забележаа седум последователни победи во Ла Лига, сепак поразот од Севиља во Копа дел Реј покажа дека тимот сè уште има слабости.