„Уморен сум да ме обвинуваат за проблемите на сите во Барселона“, оваа изјава на Лионел Меси уште еднаш даде сигнали дека сака нова авантура.
Веќе повторно се известува дека Меси е навистина на пат да го напушти „Камп Ноу“, ако не во јануари – тогаш во летото 2021 година, со што следна дестинација ќе биде, Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.
Тренерот Роналд Куман зборуваше и за тоа што рече Меси.
„Не го гледам Меси надвор од Барселона. Повеќе нема да одговарам за ова“, рече Куман на прес-конференцијата пред натпреварот со Атлетико Мадрид.