ФУДБАЛ

Куман објасни што згреши Барселона со трансферот на Суарез

Барселона направи неверојатна грешка летово бидејќи му дозволи на Луис Суарез да се пресели во Атлетико Мадрид скоро бесплатно.

Уругваецот дури се расплака на збогувањето од Барселона затоа што не сакаше да го напушти клубот, но челниците на каталонскиот тим во тоа време едноставно го избркаа на начин што не го заслужуваше.

Она што е уште поневеројатно е што го продадоа на директен ривал за титулата, а со доаѓањето во Атлетико Суарез едноставно се препороди. Тој постигна дури 14 погодоци на 15 натпревари во Ла Лига, и се гледа дека е многу мотивиран.

Суарез и денес беше тема на прес-конференцијата на Роналд Куман, кој конечно реши да признае дека клубот згрешил во една работа.

“Ќе беше подобро Суарез да замине во Јувентус, а не во Атлетико Мадрид, бидејќи вака остана во Ла Лига. Но, тоа беше одлука што ја донесе клубот. Беше тешко, но имавме секаква почит кон играчот. Јас сепак сметајте дека е донесена правилна одлука“, рече Куман.

ПОВРЗАНО

Ла Лига