Во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Барселона во вторник се соочуваат со Динамо Киев.
Барса викендов беше поразена од Атлетико Мадрид со 1:0 и кризата во редовите на Каталонците продолжува, а тренерот Роналд Куман на денешната прес-конференција потврди дека нема да поведе две големи sвезди на патот кон Киев.
„Меси и Де Јонг нема да патуваат во Киев затоа што имаме простор за нив да се одморат. Време е да се одмориме“, рече Куман.
Меси оваа сезона одигра 11 натпревари за Барса, исто како и Де Јонг.
Барса е лидер во групата и има 100% учинок по три кола. Јувентус има шест бода, а Данамо Киев и Ференцварош имаат по еден бод.