Тренерот на Барселона, Роналд Куман (58) е подготвен да работи за каталонскиот клуб со години.
Холанѓанецот пристигна на клупата на Барселона во август минатата година наместо Кике Сетиен, но игрите под водство на 58-годишниот тренер не беа импресивни.
Сепак, раководството на клубот му даде поддршка летово, и се најавува дека Куман би можел да ја продолжи соработката по летото 2022 година.
Холанѓанецот е подготвен да се стави во служба на клубот и сака да работи како тренер во годините што доаѓаат.
“Јас сум човекот на клубот пред се. Мислам на Барселона повеќе од себе”, изјави Куман за Каталонски спорт и продолжи:
“Би сакал да останам тука со години и да ги тренирам новите генерации што доаѓаат. Благодарение на одлуките што ги донесовме, Барса има играчи со светла иднина и се надевам дека ќе бидам нивни тренер во следните три, четири или пет години”. Рече Куман.
“Сакам да потпишам нов договор. Искрено се надевам дека ќе продолжам да работам со оваа генерација во наредните години”, истакна Куман.
Холандскиот стручњак ја предводеше Барселона на вкупно 57 натпревари и има ефект од 36 победи, 11 порази и 10 нерешени средби.