Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот силно ја погоди Барселона.
Многу клубови беа финансиски погодени од ситуацијата што се појави, но од европските великани, Барселона помина низ најлошото.
Вчера беше потврдено дека клубот е близу до банкрот и дека имаат над милијарда евра долг што треба да го отплатат до крајот на оваа година.
Исто така, се појави приказна дека платите на играчите доцнат, иако претходно се согласија да ги намалат. За тоа зборуваше и Роналд Куман, кој беше изненаден од прашањето на еден од новинарите.
„Не знам дали е тоа вистина. Треба да прашам некој во клубот или некој од играчите. Не можам да одговорам на такво прашање“, рече Куман.