Тренерот на Барселона, Роналд Куман најавува тежок натпревар против Валенсија, и истакнува дека неговиот тим мора да победи.
Каталонскиот клуб моментално е деветти на табелата во Ла Лига, а в недела ја пречекува Валенсија со осмопласирана позиција.
„Мораме да победиме, не очекува исклучително важен натпревар. Ќе играме на наш терен, што значи дека очекувањата ќе бидат големи“, изјави Куман.
Холандскиот стручњак се надева на подобри резултати за неговиот тим во продолжението на сезоната.
„За да ги обезбедите најдобрите игри, треба да ги имате на располагање сите играчи. Малку по малку, ќе бидеме подобри. Некои играчи се уште не се на врвот. Сега сум посреќен што некои момци закрепнаа. Немавме среќа. Верувам дека можеме да се бориме за титулата“.
Уште еднаш, новинарите беа заинтересирани за иднината на Куман на Ноу Камп.
„Се обидувам да бидам смирен, што не е лесно. Ја фокусирам мојата енергија на работи што можам да ги контролирам. Мораме да тренираме, да подобриме некои работи, да се подготвиме за натпреварите“ , рече искусниот стратег и додаде:
„Навикнат сум да зборуваат луѓе за мојата иднина, тоа е нормално кога работите во толку голем клуб. Тоа се случи и минатата година. Претседателот ме поддржа и јасно ми кажа како стојат работите. Но, како тренер, свесен сум дека ни требаат победи. Не сакам да зборувам за минатото, туку да размислувам за она што е во иднина и да го правам она што е најдобро за клубот“.