ФУДБАЛ

Куман слепо му верува на Кутињо, официјално избирајќи го бројот за сезоната 2020/21

Филип Кутињо ќе има уште една шанса. Тој ќе ќе го носи дресот со број 14 во сезоната 2020/21.

Со доаѓањето на новиот тренер, Роналд Куман, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Филип Кутињо, доби уште една шанса да се покаже во Барселона.

Кутињо, кој беше позајмен во Баерн Минхен во сезоната 2019/20, ќе остане во Барселона, барем за сезоната 2020/21.

Тој доби уште една шанса и сега останува на него да му го каже спротивното на Куман и да продолжи да игра на „Камп Ноу“.

Тој веќе официјално го избра бројот за сезоната што штотуку започна.

Кутињо ќе го носи дресот со број 14, исто како и првата сезона по заминувањето на Маскерано.

Во сезоната 2018/19, тој го смени во број 7, но Антоан Гризман веќе го има тој број, додека Кутињо е принуден повторно да го земе бројот 14.