ФУДБАЛ

Куман смета дека сегашните играчи на Барселона не се достојни за дресот на овој клуб

Барселона ја заврши сезоната со победа од 1-0 на гостувањето кај Еибар.

Единствениот гол на овој натпревар го постигна Антоан Гризман на крајот од мечот, а по завршувањето на мечот, тренерот на каталонскиот клуб Роналд Куман се обрати пред медиумите.

Секако, новинарите беа најмногу заинтересирани за неговата иднина на клупата на Барселона, а Холанѓанецот смета дека ова не му бил последен натпревар во тимот.

“Мислам дека ова не е последен натпревар во Барселона. Имам договор, мирен сум и ако сакаат да променат нешто, мора да разговараат со мене”, рече Куман.

Тренерот на Барселона смета дека овој тим не е потребен на Барселона.

“Овој тим не е нивото што го посакуваме во Барселона и тоа е сосема јасно. Секој во клубот го знае тоа. На овој тим му требаат засилувања”, истакна Куман и додаде:

“Оваа сезона не беше најдобра, но не е ни лоша. Не можеше да се очекува двојна круна од клуб кој е во фаза на транзиција”, изјави тренерот на Барселона.

Куман им ја честиташе титулата на фудбалерите на Атлетико.

“Им честитам на одличната сезона. Тие се најдолго на врвот и направија многу добра сезона”.

Барселона ја завршува сезоната со трофејот во Купот на кралот, а како ќе изгледа овој тим ќе видиме на почетокот на следната сезона.