Со доаѓањето на Роналд Куман на клупата на Барселона, неколку фудбалери кои беа носители на играта на тимот изминатите две-три сезони заминаа. Куман како едвај да чекаше да им го види грбот, па дел од нив заминаа или како слободни играчи или со симболично обештетување, а сигурно во една поинаква ситуација можеше Барселона да заработи солидна сума на пари.
По доаѓањето на Куман заминаа Луис Суарез-Атлетико Мадрид, Иван Ракитиќ-Севиља, Артуро Видал-Интер, Нелсон Самедо – Вулверхемптон. Од оној список за „отстрел“ преживеа уште само еден фудбалер, а тоа е Самуел Умтити. Сепак, според каталонските медиуми наскоро и тој ќе замине.