Куман одлучи дека сака да се ослободи од некои фудбалери во јануари.
Четири играчи на Барселона треба да го напуштат клубот во наредниот месец, а тоа се Умтити, Фирпо, Алена и Пуик.
Имено, Куман во јануари ќе се обиде да го засили својот тим со двајца играчи, а тоа се Гарсија од Манчестер Сити и Депај од Лион.
За да го стори тоа, тој ќе мора да продаде неколку играчи, а само четворица играчи од кои сака да се ослободи би биле доволни за да може да ги донесе играчите што ги сака.
Умтити, наводно, има неколку понуди од Англија, а Барселона би заработила околу 20 милиони евра за него, додека Фирпо има понуди од Италија.
Кога станува збор за Алена и Пуику, тие двајцата нема да бидат продадени, туку ќе одат на позајмица, но сè уште не е познато во кои клубови.