ФУДБАЛ

Куман за нападот на титулата шампион: Трката е секогаш отворена

Барселона синоќа на „Сан Мамес“ го совлада Атлетик Билбао со 3:2 во одложениот натпревар од 2.коло во Ла Лига.

Каталонците одиграа одличен натпревар и стигнаа до победа која ги однесе на третото место на табелата, веднаш зад Атлетико и Реал.

Тренерот на Барселона, Роналдо Куман е многу задоволен од триумфот на тешкото гостување, но посочува дека неговиот тим заслужил повеќе бодови на другите натпревари.

“Тимот добро се снаоѓа веќе долго време. Мислам дека заслуживме повеќе бодови отколку што имаме. Имавме финиш на овој натпревар, и тоа дефинитивно е резултат на самодоверба. Мораме да продолжиме вака”, рече Куман и продолжи:

“Сезоната е долга. Дефинитивно сме во трка за титулата, таа е секогаш отворена, но ќе има подеми и падови. Распоредот е многу густ, може да имаме проблеми до крајот на сезоната”.

Куман го пофали целиот тим, но тој е среќен што Меси е на вистинското ниво.

“Меси е на исто ниво подолго време и тоа не ме изненадува. Сега, кога започна да постигнува погодоци, гледам дека е среќен и има голема желба да победи”, изјави Куман.

Барселона ќе има нов натпревар на гости за два дена, а ќе игра на гости против непријатната Гранада.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига