ФУДБАЛ

Куп на Македонија: Фаворитите „изгореа“, еве кој ќе игра во полуфиналето

Академија Пандев, Струга Трум Љум, Македонија ЃП и Силекс се  екипите кои ќе играат во полуфиналето во Купот на Македонија. Фаворитите денеска „изгореа“. Шкупи важеше за фаворит против Академија Пандев, но на крајот тимот од Струмица славеше со 2:1 и обезбеди пласман помеѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување. Струга Трум Љум со 1:0 ја совлада Ренова, која исто така беше фаворит. Македонија ЃП е единствената екипа која попладнево ја оправда фаворитската улога и тоа на убедлив начин со 4:1 ја елиминираше Беласица.

Во дербито, Силекс обезбеди полуфинале откако ја елиминира Шкендија. Регуларниот дел заврши без голови, а кратовци беа поуспешни изведувачи во пенал серијата која заврши 4:2.

ПОВРЗАНО

ШкендијаАкадемија ПандевСилексШкупиСтругаГоран Пандев