Англичаните лудуваат по фудбал и тоа не е тајна.
Навивачите на Барнли последни покажаа до каде оди нивната љубов кон фудбалот и клубот.
Имено, навивачите на овој клуб веќе купиле 12.416 сезонски билети за следната сезона, иако не знаат во кој ранг ќе игра нивниот тим.
Барнли сезонава води жестока битка за опстанок во Премиер лигата, а вечерва можеме да кажеме дека ги чека меч топка против конкурент во споменатата борба, а тоа е тимот на Евертон.
Кладилниците на Барнли даваат само 28% шанси за преживување, Вотфорд 15% и Норич 7% и речиси повеќето се уверени дека овие три тима ќе испаднат во Чемпионшип на крајот од сезоната.
Сепак, можеби вечерва фудбалерите на Барнли ќе не убедат во спротивното.