ФУДБАЛ

Куртоа засекогаш им ги затвори устите на арогантните Англичани: „Видов некои објави, што пишуваат за мене…“

Тибо Куртоа е човекот кој на Реал Мадрид му ја донесе 14-та европска титула.

Иако Винисиус беше стрелец на победничкиот гол над Ливерпул, најдобар поединец на натпреварот беше Куртоа кој имаше голем број на фантастични одбрани.

Искусниот белгиски голман имаше сензационална вечер и со своите интервенции ја доведе офанзивата на црвените во очај. Имаше вкупно девет.

„На прес-конференцијата пред натпреварот реков дека Реал не игра финале, туку го добива. Јас сум на добрата страна на историјата“, изјави Куртоа.

„Видов некои објави дека ќе бидат понижени денес, но беше обратно. Ми требаше да победам во финалето за мојата кариера, за напорна работа, за да заработам почит“.

“Мислам дека не ме почитуваат доволно, особено Англичаните. Видов многу критики. Дури и по одличната сезона велат дека не сум бил доволно добар”.

“Навистина сум среќен и горд на настапот на тимот. Се држевме заедно и кога требаше, бев тука за тимот”. 

По синоќешното шоу, нема дилеми дека белгискиот голман ќе биде во конкуренција за освојување на Златната топка. Сеск Фабрегас веќе изјави дека на Куртоа треба да му се додели престижно признание.