Иако Џенаро Гатузо го избрка од вчерашниот тренинг, сепак Елиф Елмас се очекува да биде во составот на Наполи за утрешната пресметка со Лацио. Секако дека моментот е лош, бидејќи ова може да биде клучен меч за Наполи, најважниот сезонава, бидејќи Лацио е директен конкурент за едно од местата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми утрово објавија дека постои можност поради револтот и бркањето од тренинг од Гатузо, Елмас да не биде во составот за мечот со Лацио, сепак Газета дело Спорт, во најавата за овој меч го вметна и нашиот репрезентатиец. Со оглед на тоа дека овој весник ретко грешки, сепак е веројатно Елмас да биде во составот, но на клупата за резервни фудбалери. Можеби и неа да добие ниту една минута шанса за настап.
Мечот се игра утре вечер во 20:45 часот, домаќин е Наполи.