Филипе Кутињо најверојатно ќе се врати во Барселона откако ќе заврши неговиот договор за заем на крајот на оваа сезона, но неговиот менаџер им понуди на Јувентус и на ПСЖ можност за трансфер на Бразилецот, пренесуваат шпанските медиуми. .
Кутињо моментно е на позајмица во Баерн, откако по преселбата во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година не ги оправда очекувањата.
Бразилската sвезда го загуби сјајот не блеснувајки во дресот на Барса, па беше позајмен во Бундеслигата.
Баерн има опција да го купи 27-годишникот за 120 милиони евра во рамките на договорот за заем со Барса, но весникот близок до каталонскиот клуб, „Мундо Депортиво“, пренесува дека германскиот клуб нема намера да го купи Бразилецот и затоа ќе го врати на крајот од сезоната.
Шпанскиот весник сугерира дека менаџерот на Кутињо ќе му ги понуди својот клиент на Јувентус, како и на ПСЖ на крајот на сезоната.
Кутињо има остварено 18 настапи во Бундеслигата, постигнувајќи шест гола.