Бразилскиот фудбалер Филип Кутињо би можел да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона, иако дојде во клубот како големо засилување од Ливерпул.
Барселона соработуваше со Кутињо од јануари 2018 година. Бразилецот го напушти Ливерпул за неверојатни 160 милиони евра, што го направи најскап играч во историјата на каталонскиот клуб.
Сепак, Кутињо во Барселона оваа сезона не ги оправда очекувањата и се повеќе се шпекулира дека ќе го напушти клубот во текот на летото. Наводно, тие дури се подготвени значително да ја намалат цената на Кутињо.
Имено, шпанските медиуми објавија дека Кутињо очекувал нешто сосема поинакво кога дошол во Барса и дека му било кажано дека ќе игра во средниот ред и дека ќе биде замена за Андрес Иниеста.
Меѓутоа, Ернесто Валверде го користи на позицијата крилен напаѓач, што на Кутињо очигледно не му одговара. Наводно, тој дури им кажал на некои соиграчи дрка ќе го напушти клубот ако не се променат работите, а со доаѓањето на Френки де Јонг тешко дека тоа ќе се случи.
Кутињо има голема желба да игра како играч од средниот ред каде што играше неколку многу добри натпревари за Барселона. Но, Валверде не се откажува од идејата дека Бразилецот е жесток напаѓач.