Тренерот на Барселона Ернесто Валверде нема да може да смета на Филипе Кутињо во наредниот период.
И покрај тоа што играл против Интер цели 90 минути, овој бразилски фудбалер веќе некое време има мака со повредата на задната ложа, но сега одлучи да преземе посериозен пристап кон овој проблем.
Медиумите од Шпанија објавија дека Кутињо ќе паузира две до три недели поради повреда, што сигурно ќе биде хендикеп за „каталонскиот“ тим, земајќи ги предвид игрите што ги покажа во изминатиот период.
Бразилецот, за Барселона игра од јануари оваа година, а оваа сезона играше 11 натпревари за Барса во Ла Лига и постигна четири гола со една асистенција.