ФУДБАЛ

Кутињо не беше првиот избор на Барселона, туку ѕвездата на Реал Мадрид

Филип Кутињо минатата година стигна како големо засилување за Барселона, од Ливерпул, но оваа сезона не ги оправда очекувањата.

Кутињо е фудбалер кој најверојатно е најкритикуван во Барселона оваа сезона, едноставно не му оди како што замисли. Бразилецот пристигна во Барса во почетокот на 2018 година од Ливерпул за 160 милиони евра, што го направи најскап играч во историјата на овој клуб.

Сепак, шпанските медиуми денеска објавија дека Кутињо не беше првата опција на Барселона минатата година. „Радио Каталуња“ објави дека Барселона сакаше да ја доведе ѕвездата на Реал Мадрид, Иско, но не успеа.

Иско има долго време проблеми со минутажата во кралскиот клуб и долго време се шпекулираше дека ќе го напушти клубот. Барса се обиде да го искористи тоа, но на крајот нивниот план не се одвиваше според планираното.

Очигледно, Барка сакаше Иско да биде замена за Андрес Иниеста, а неколку пати контактираа со неговиот татко и се распрашуваа за играчот на Реал, но немаше одговор.

Таткото на Иско разговараше со лидерите на Барселона, но каталонците се откажаа од играчот на Реал Мадрид кога забележаа дека преговорите не одат во насока што ја сакаат. Потоа се свртеа кон Кутињо, кој пристигна од Ливерпул.