Бразилската sвезда се чувствува среќна со успехот на неговиот поранешен клуб, инсистирајќи на тоа дека достигнувањата на Ливерпул не се изненадување.
Кутињо воопшто не е изненаден од успесите на Ливерпул во последните две години.
Сепак, бразилската sвезда инсистира дека не жали што го напуштил „Енфилд Роуд“.
27-годишниот играч се приклучи на Барселона во јануари 2018 година по пет години со Ливерпул.
Тој не најде доволно простор на „Камп Ноу“ и беше позајмен во Баерн Минхен минатото лето.
Поранешниот играч на Интер и Еспањол вели дека никогаш не жали за донесените одлуки.
„Ливерпул „лета“ и тоа не ме изненадува. Видовме минатата година дека ја освои Лигата на шампионите. Не сум изненаден бидејќи има фантастичен тим и тренер. Јас сум многу среќен за нив, имам пријатели таму“, изјави Кутињо за „Спорт илустрација“.
„Но, јас не гледам назад. Јас направив уште еден чекор, јас сум на друг пат. Јас сум фокусиран на остварување на соништата. Среќен сум со она што го направив во минатото и сега едвај чекам нов предизвик“, додаде бразилскиот репрезентативец.
Кутињо не сака да се врати во Барселона и се надева дека ќе го продолжи своето искуство на „Алијанц арената“.