Филипе Кутињо (29) очигледно ќе се врати во англиската Премиер лига.
Бразилскиот фудбалер одлучи повторно да ја напушти Барселона и треба да ја продолжи кариерата во тимот на Астон Вила.
Наводно, договорот за оваа работа е многу блиску до реализација, но сепак Барселона ќе мора да плати дел од огромната плата која Бразилецот ја има на Камп Ноу.
Менаџерот на Вила, Стивен Џерард, денеска зборуваше и за Кутињо:
„Врвен фудбалер. Беше задоволство да ја делам соблекувалната со него. Тој ми е добар пријател, кога го носиш прекарот „Магионичар“ тогаш си посебен фудбалер“, изјави Џерард и додаде:
„Тој се поврзува со пет или шест други клубови и е од светска класа. Тој е човек кој го почитувам, но не сакам да шпекулирам за ништо“, изјави Џерард.
Кутињо пристигна во Барселона во 2018 година за 160 милиони евра, но не ги повтори игрите кои ги имаше во Ливерпул каде што експлодираше.
За Барселона одигра 106 натпревари со 26 гола, а една сезона мина на позајмица во Баерн.