КУЗМАНОВСКИ: Почнавме во грч, но второто полувреме беше клучно

Written by

in

Филип Кузмановски кој беше прогласен за МВП играч на натпреварот изјави:

„Сакам да им честитам на ракометарите од Црна Гора за фер играта со нас. Вистина е тоа дека почнавме во грч во првото полувреме, но во второто полувреме грешките ги поправивме“, изјави Филип Кузмановски веднаш по натпреварот.

На новинарско прашање дали го слушаше Борко во текот на целиот натпревар, Кузмановски низ смеа рече:

Мора да ги слушам постарите – додаде Филип.