Колумбискиот фудбалер ќе биде дел од италијанскиот гигант до летото 2023 година. Новиот договор може да биде потпишан следните денови
Хуан Квадрадо исто така ќе игра некое време за Јувентус.
Се очекува колумбискиот фудбалер да го продолжи договорот со „белите“ во блиска иднина.
Актуелниот договор на поранешниот фудбалер на Фиорентина и Челзи истекува во јуни следната година.
Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека 33-годишниот фудбалер ќе го продолжи договорот со „бјанконерите“ до 2023 година.
Квадрадо имаше позитивни настапи со „Старата дама“, со која има преку 100 настапи.
Може да игра како крилен напаѓач, па дури и како десен бек.
Квадрадо ќе ги следи стапките на Дибала, кој исто така ќе го продолжи договорот со Јувентус.