ФУДБАЛ

„Л’Екип“ го избра тимот на Светското првенство: Дали се согласувате?

Зад нас е 22. Светско првенство во фудбал, а во Катар можевме да проследиме неколку спектакуларни натпревари. Како и обично, угледниот француски весник „Л’Екип“ го избра идеалниот состав за шампионатот, а во него се тројца хрватски репрезентативци.

Во оваа селекција покрај Хрватска, по тројца играчи имаат Мароко и новиот шампион Аргентина, а интересно е што францускиот весник во идеалниот состав вклучи само еден Французин.

Очекувано, токму Килијан Емпабе, најдобриот стрелец на турнирот, според „Л’Екип“ е и најдобро оценет играч на Светското првенство.

Погледнете го тимот на Л’Екип во формација 4-3-3.

Голман: Доминик Ливаковиќ (Хрватска);

Одбрана: Ашраф Хакими (Мароко), Ромен Саис (Мароко), Јошко Гвариол (Хрватска), Маркос Акуња (Аргентина);

Среден ред: Енко Фернандез (Аргентина), Софјан Амрабат (Мароко), Лука Модриќ (Хрватска);

Напад: Букајо Сака (Англија), Лионел Меси (Аргентина), Килијан Ембапе (Франција).

Дали се согласувате со изборот? Дали некој е неправедно изоставен? Пишете ни во коментари и на социјалните мрежи.

Л’Екип го избра и најлошиот тим на турнирот:

Хенеси (Велс), Кеш (Полска), Канани (Иран), Хухи (Катар), Караско (Белгија), Скув Олсен (Данска), Бјелик (Полска), Зиелински (Полска), Дијата (Сенегал), Бејл (Велс) , Контрерас (Костарика).

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026