ФУДБАЛ

„Л’Екип“ најавува нови правила: Следува револуција во изборот на Златната топка

Францускиот престижен спортски весник „Л’Екип“ денеска (петок) ги објави новите правила кои ќе владеат од следното издание на доделувањето на „Златната топка“.

Најзначајна промена е тоа што, за разлика од претходните избори, кога наградата се доделуваше врз основа на постигнувањата во текот на календарската година (од јануари до декември), отсега ќе се бројат спортските успеси на еден фудбалер од почетокот до крајот на сезоната.

На овој начин Златната топка за 2022 година ќе им припадне на оние кои најмногу ќе покажат во сезоната, склучено со Европското првенство во фудбал за жени, кое ќе се игра до крајот на јули годинава.

Светското првенство во Катар, кое се игра од 21 ноември до 18 декември, затоа ќе биде избрано за Златната топка во 2023 година, бидејќи турнирот ќе биде во рамките на сезоната 2022/23.

Жирито, составено од 170 члена до сега, ќе се намали на 100, додека во изборот на фудбалерки ќе учествуваат 50 членови. Ќе се работи за 100 и 50 најдобри земји на листата на ФИФА, додека досега беше случај во изборот да учествуваат сите членови на ФИФА.

И конечно, она што е важно да се нагласи е дека се менуваат критериумите за избор на најдобар фудбалер. Прво ќе се оценуваат индивидуалните достигнувања и влијанието врз неговиот тим, а потоа колективните достигнувања, односно трофеите постигнати со тимот. И трето, важен ќе биде односот на играчот на теренот, односно неговото однесување и фер-плеј пристапот.

„Кариерата на играчот“ исчезнува од овие критериуми, со цел трката за Златната топка да се претвори во отворено натпреварување, а не како порано кога претежно истите ја добиваа наградата затоа што се „Роналдо“ или „Меси“. Се разбира, нивните квалитети не се спорни, но, како и минатиот пат, беше неправедно кон некои играчи како Роберт Левандовски што наградата отиде во погрешни раце.