Гласините дека ПСЖ наскоро би можел да остане без својата млада суперer sвезда Килијан Мбапе, нема да престанат, и покрај сите верувања на парижаните дека големиот офанзивен играч е тука на долг пат.
Договорот на Мбапе со ПСЖ важи до 2022 година, и ако веруваме на силните шпекулации, се чела Реал Мадрид да го направат вистинскиот момент и да тргнат по големиот Французин. Сепак, би било поинаку, ако Мбапе наскоро потпише нов договор со ПСЖ.
Медиумите, сепак, знаат дека нема да биде лесно да го обврзат Мбапе со нов договор.
Францускиот „L’Equpie“ дури тврди дека во овој момент, продолжувањето на договорот на Мбапе не е на врвот на списокот со приоритети на ПСЖ, токму затоа што челниците на клубот знаат дека ќе биде многу тешко да се убеди 20-годишна sвезда да потпише нов.
Францускиот весник тврди дека ПСЖ не може да си дозволи да му понуди на Мбапе приходот што го има Нејмар, кој изнесува 30 милиони евра годишно, и тоа откако ќе се одземе данокот.
Се верува дека договорот треба е сличен на минимумот на Нејмар, доколку ПСЖ сака да го задржи Мбапе, и бидејќи не можат да си го дозволат во моментот, клубот сè уште не му понудил на младиот Французин продолжување на соработката.
Самиот Мбапе го најави своето заминување од ПСЖ по минатогодишната елиминација од ЛШ од Манчестер Јунајтед. Сепак, тој оттогаш инсистираше на тоа дека останува целосно посветен на ПСЖ и желбата да има голем успех во неговиот клупски дрес.
Ново разочарување во Лигата на шампионите може, сепак, да го натера Мбапе интензивно да работи на заминување од ПСЖ …