ФУДБАЛ

Ла Лига објави видео со песната „Хеликоптер“, а главната улога ја има Бензема (ВИДЕО)

Хитот на Фазлија „Хеликоптер“ доживеа светска слава во последните недели.

Официјалниот профил на шпанската Ла Лига не остана имун, па објави едно такво видео.

Главен лик на видеото е францускиот напаѓач Карим Бензема и неговиот гол против Атлетико Мадрид во дербито од 17. коло на Примера одиграно пред девет дена, каде неговиот тим победи со 2-0.

Видео уредниците на Ла Лига создадоа одлична анимација која го придружува текстот на песната, а евроголот на Бензема е уште поизразен.

@laligaHelicopter, helicopter… ? #Benzema #Derby #RealMadrid #LaLiga #LaLigaSantander #fyp @realmadrid

♬ original sound – ……

За Бензема ова беше 13-ти гол во лигата, кој е најдобар стрелец, а со седум асистенции е и најдобар асистент во Ла Лига.

Реал Мадрид е на првата позиција на табелата со 43 бодови и натпревар повеќе од второпласираната Севиља.

ПОВРЗАНО

Ла Лига