Килијан Мбапе одлучи кариерата да ја продолжи во францускиот шампион ПСЖ иако имаше усмен договор да се пресели во Реал Мадрид.
По повеќемесечна сага, Мбапе објави дека останува во ПСЖ и со новиот договор стана најплатениот фудбалер во светот. Наводно, секоја година на неговата сметка влегуваат нереални 100 милиони евра.
Челниците на шпанската Ла Лига одлучија да побараат од францускиот суд раскин на договорот на Мбапе со ПСЖ. Според РМЦ, денеска поднеле барање за раскинување на овој договор поради бројни финансиски неправилности.

Побараа да се проверат и сметките на клубот бидејќи сметаат дека не е се легално.
Меѓутоа, барањето на челниците на Ла Лига беше залудно. Тие добија негативен одговор и судот одби да постапи по овој случај.
„Го очекувавме ова. Ова беше техничка жалба, но она што е важно е мериторната пресуда. Нашите чекори во Франција се само почеток и очекувавме да бидат тешки. Ова е само првиот чекор пред да преземеме сè на Европските судови“, изјави адвокатот од Ла Лига, Хуан Бранко.
Во претходниот период Ла Лига го обвини ПСЖ дека ги фалсификува бројките на нивните сметки и дека всушност добиваат многу повеќе пари од државата Катар отколку што дозволува финансискиот фер-плеј.
Поради ова, започна процес од Ла Лига, која сака да го спречи ПСЖ да го уништи европскиот фудбал.