ФУДБАЛ

„Лага е дека мојата плата е 15 милиони евра, лага е дека добив каква било понуда од март“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос следното лето ќе остане без договор со шампионот на Шпанија.

Клубот сè уште не му понудил нов договор и големи се шансите 34-годишниот дефанзивец да не биде член на Реал Мадрид од лето.

Во кратката изјава за Ел Партидазо де Копе, тој само изјави дека има многу лаги што и се кажуваат на јавноста.

„Лага е дека мојата плата е 15 милиони евра, лага е дека добив каква било понуда од март“, рече Рамос.

Капитенот на Кралевите сака да остане во клубот до крајот на кариерата. Од почит кон клубот, навивачите и соиграчите, тој не сака да разгледува други понуди во овој период, иако тоа може да го стори од 1 јануари.

Марка наведува дека раководството на Реал му нуди на Рамос едногодишно продолжување на соработката и дека Рамос сака подолг договор, но Ел Партидазо де Копе тврди дека Рамос не одбил ништо затоа што не дошла понуда.

Очигледно ќе има многу бора во овој случај и останува на нас да видиме дали Рамос ќе остане во Реал.