ФУДБАЛ

Лахоз е повреден и го пропушта Ел Класико, како замена ќе се појави судијата кој Реал го памети по добро

Еден од најдобрите шпански судии Матеу Лахоз нема да го суди Ел Класико, иако беше избран.

Лахоз се повреди и нема да биде подготвен да ја дели правдата на дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона, па на Гил Манзано му се укажа можност да суди на најголемиот натпревар од шпанскиот и европскиот фудбал.

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) утрово објави дека Лахоз има повреда на мускулот, поради што нема да биде на Ел Класико во сабота во 21 часот.

Манзано досега судеше само на едно Ел Класико, кога Реал победи со 3-1 во сезоната 2014/15.

Барселона е на втората позиција со 65 бода, додека Реал е трет со 63 бода. Атлетико е на врвот со 66 бода.