ФУДБАЛ

Лајпциг и Херта го сакаат Јоаким Лев

По заминувањето од германската клупа на крајот на ЕП 2020, Јоаким Лев продолжува да биде невработен иако понудите за него не изостануваат.

Фенербахче го бараше упорно, додека неодамна на сцената за селекторот на германската репрезентација се појавија два бундеслигаши кои сакаат да му ја доверат клупата.

И самиот Лев го потврди интересот, тој во интервју изјави дека сака да седне на клупата на некој тим во 2022 година.

„Секако дека имам неколку понуди, но беше јасно дека нема да донесам одлука во текот на овие месеци. Се гледаме следната година“, рече Јоаким Лев.

Ред Бул Лајпциг и Херта Берлин се два германски клуба заинтересирани да му ја доверат клупата на поранешниот тренер на Германија.

Станува збор за два финансиски издржани клуба кои би ги задоволиле барањата на Лев особено Херта со новиот претседател кој на пазарот потроши вкупно 374 милиони евра низ годините и бара да направи уште еден чекор напред.

ПОВРЗАНО

Бундеслига