ФУДБАЛ

Лајпциг и Ливерпул повторно во Унгарија

Фудбалерите на Лајпциг и Ливерпул и реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се играат на истиот стадион – во Будимпешта.

Причината е коронавирусот, поточно мерките за превенција што ги применува Германија.

Имено, Германците не му дозволија на својот претставник да патува во Англија, и по неговото враќање непречено да ја продолжи сезоната во Бундеслигата.

Затоа тие изјавија дека 14-дневен карантин е задолжителен, а сега популарниот Тајмс тврди дека тимовите уште еднаш ќе ги одмерат силите во главниот град на Унгарија.

На првиот натпревар, Ливерпул победи со 2:0, па се пред одење понатаму, но далеку од сето тоа да биде готово.

ПОВРЗАНО

Бундеслига