ФУДБАЛ

Лајпциг ја отвора сезоната пред 8.500 навивачи!

Новата сезона во Бундеслигата официјално ќе започне на 18 септември.

За можноста за враќање на навивачите на стадионите долго време се расправаше во Германија и многу зависи од епидемиолошката состојба и одлуките на локалните или државните органи.

Денес пристигнуваат вести дека градот Лајпциг дал зелено светло за присуство на значителен број навивачи на натпреварот од првото коло помеѓу РБ Лајпциг и Мајнц (20 септември).

Лајпциг денес објави дека пристигна дозволата за околу 8.500 навивачи на стадионот за првиот натпревар во сезоната. Таа бројка претставува 20% од капацитетот на Лајпциг Арената, која може да прими скоро 42.000 навивачи.

Сепак, постојат правила.

„Локалниот“ концепт за кој се залага ДФЛ ќе мора да се почитува, така што само навивачите што живеат во регионот каде што се наоѓа Лајпциг ќе можат да присуствуваат на натпреварот. Сите на стадионот ќе мора да носат маски.

Исто така, ќе се одржи „лотарија“ меѓу 22.500 носители на сезонски билети во Лајпциг за да одлучат кои 8.500 навивачи ќе добијат шанса да го следат натпреварот во живо.

Враќањето на навивачите во арената Лајпциг е можно поради ослабувањето на пандемијата во самиот град Лајпциг.

ПОВРЗАНО

Бундеслига