ФУДБАЛ

Лајпциг принуден да избира меѓу Анџелино и Шик

Кризата предизвикана од глобалната пандемија на новиот коронавирус ќе има многу големо влијание врз фудбалскиот свет, а тоа веќе е јасно за сите.

Речиси сите европски клубови ќе се соочат, и веќе се соочуваат со финансиски загуби, што секако ќе го диктира нивното однесување на трансфер пазарот.

Исклучок нема да биде ниту Ред Бул Лајпциг, кој одигра одлична сезона до крајот на натпреварувањето.

Лајпциг го позајми напаѓачот Патрик Шик на почетокот на сезоната, додека во јануари шпанскиот лев бек Анџелино дојде на позајмица од Манчестер Сити.

И за двата играчи се договорени позајмици до крајот на сезоната 2019/2020 и откупни клаузули.

Наводно, во Лајпциг биле и повеќе од задоволен од прикажаната игра на Шик и Анџелино, а пред избувнувањето на кризата и прекинот на натпреварувањето, планираа да ги купат и двајцата во текот на летото.

Сепак, ова ќе биде многу тешко сега.

Поради кризата, Лајпциг сега треба да избере чиј постојан трансфер ќе го реализира, на Шик или на Анџелино.

Шик има одиграно 18 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања досега, постигнувајќи седум гола и три асистенции. Анџелино од јануари има одиграно осум натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.